Опасност во сообраќајот: Речиси пола од возачите не носат очила иако не гледаат добро

ОБЈАВЕНО НА:

Осигурителната компанија од Велика Британија, Direct Line спроведе големо истражување во кое вклучи 100 офтамолози и дојде до зачудувачки резултати. Од сите возачи кои мораат да носат леќи или очила поради лош вид дури 44 проценти признаваат дека тоа не го прават. Многу од нив тврдат и дека возат автомобили иако не гледаат добро.

Ова е тема за која многу ретко се зборува. Најчесто се раскажува дека самите сме свои доктори, но не се зборува за тоа дека однесувањето на возачите на автопатот често може да ги загрози другите.

Британците јасно дефинирале дека возачите мораат да ги прочитаат регистрациските таблички на одалеченот од 20 метри. Ако не успеат да го направат тоа, не гледаат добро и мораат на преглед односно им требаат очила или леќи за возење. Најчестите проблеми кои можат да влијаат на видот и на возењето се дијабетската ретинопатија, глауком миопија односно кратковидост.

Податоците од ова истражување се лоши, а Велика Британија е земја во која статистички во однос на бројот на жители, најмалку луѓе страдаат во сообраќајот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK