Одличен почеток: Најдобра продажба на Ford во последните 10 години

ОБЈАВЕНО НА:

Ford објави дека ја имал најдобрата продажба во последните десет години кога е во прашање првиот месец од годината, јануари, и тоа со 109.600 продадени возила и раст од 1,8% на основните 20 европски пазари. Ford забележа раст на продажбата на 15 од 20-те најголеми пазари во Европа, со 11,5% во Германија, 6,4% во Шпанија и 20% во Холандија.

“Ford го имаше најдобар јануари во Европа од 2008 година, правејќи силен старт на 2018 година”, коментира Роланд де Вард, потпретседател на одделот за маркетинг и продажба на Ford Европа. “Во прилог на новиот EcoSport, кој веќе се продава, нашите клиенти ќе видат свеж дизајн во целата наша линија оваа година, и лансирање на 21 нови или сериозно обновени автомобили и нивни деривати, вклучувајќи ги новиот Mustang, Fiesta ST со три и пет врати, и Fiesta Active”.

Во јануари Ford забележа значително зголемување на продажбата на моделот Kuga. Барањето на моделот е зголемена со 28% до ниво од 12.800 единици, а тоа доведе и до подобрување на општата SUV продажбата на брендот со 6%.

Fiesta, исто така, забележа раст на продажбата, со подобрување од 5%, и моделот има најдобри резултати од 2011 година. Оваа година, продажбата на две нови верзии ќе биде лансирана во Европа, Fiesta ST и Fiesta Active.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK