За дузината нови возила: BMW ќе купува батерии за 5 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител BMW потпиша договор со Contemporary Amperex Technology (CATL) за набавка на батерии во износ од 5 милијарди американски долари. Како што изјави Маркус Дуезман, BMW набавката ќе ја реализира на неколку пати во наредните години, а договорот се потпишува како неопходна потреба за идните електрични модели кои се планирани да се воведат.

Договорот доаѓа и покрај тоа што BMW активно работи на инвестиции во сопствени погони и технологии за производство на батерии, но со цел да го осигура имплементирањето на стратешкиот план според кој во наредниот период ќе се лансираат десетина нови, целосно електрифицирани автомобили, BMW се одлучи и покрај тоа да склучи договор за набавка на батерии.

Првиот човек на CATL за Ројтерс изјави дека компанијата сега планира да отвори повеќе фабрики како би можела навремено да ги испорача батериите на германскиот производител. Еден од проектите е компанијата да отвори фабрика во Германија со што ќе биде во непосредна близина на BMW.

Инаку во моментов BMW има само два добавувачи на батерии, а CATL ќе биде третиот и најголем добавувач. Од BMW соопштуваат дека во преговори се со уште осум други компани – производители на батерии, а целта е да се обезбеди мрежа на стабилни добавувачи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK