Кросоверот на Smart доаѓа во септември

ОБЈАВЕНО НА:

Во декември минатата година од Smart потврдија дека работат на нивниот прв електричен кросовер, но при тоа не открија никакви дополнителни информации. Сега, неколку месеци подоцна се појавија и првите информации.

Така премиерата на концептот верзијата од овој модел ќе се случи во септември годинава за време на саемот во Минхен, додека пак во производство ќе влезе кон средината на следната година. Производството пак, нема да се одвива во Ново Место (Словенија), а ниту во Германија каде досега се произведуваше туку во Кина.

Тоа е сосема логички ако се знае дека овој модел Daimler го развива заедно со кинескиот производител Geely. Оттука следи и тоа дека овој кросовер ќе се базира на SAE платформата на Geely. Во дизајнот, главниот збор го имаат дизајнерите на Daimler.

Во однос на техничките информации, ќе располага со еден електромотор и литиум-јонска батерија од 70 kWh. Благодарение на истата автономијата ќе изнесува нееројатни 500 км, според NEDC.

рендер: AutoBild

Следете не и на:

24AUTO NETWORK