Кia испорача возила за потребите на СП во Русија

ОБЈАВЕНО НА:

На свечена церемонија пред стадионот Лужники во Москва, јужнокорејскиот авто производител Kia како дел од спонзорскиот договор со FIFA ги испорача возилата наменети за потребите на Светското првенство.

Kia заедно со Hyundai неколку години веќе се спонзори т.е. покровители на настаните организирани од страна на FIFA, па за покривање на транспортните потреби на официјалните лица на FIFA, организациониот комитет како и учесниците, Kia испорача 424 возила. Меѓу испорачаните возила се најде најновиот модел K9 како и SUV моделите Santa Fe, Tucson и Sorento.

Покрај Kia, партнер на FIFA за овој настан е и Hyundai чиј автобуси ќе ги превезуваат репрезентациите учесници на овој турнир.

За потестување, Светското првенство во Русија започнува на 14 јуни со натпреварот Русија – Саудиска Арабија, a ќе заврши на 15 јули кога најдобрите репрезентации ќе се сретнат во финалето на Лужники во Москва.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK