Kia EV6 е „Европски автомобил на годината за 2022“

ОБЈАВЕНО НА:

Ова е првпат Kia да ја освои наградата Автомобил на годината, која го слави 59-тото издание.

Моделот Kia EV6 е прогласен за “автомобил на годината за 2022 година во Европа“ освојувајќи 279 поени и 12 најдобри гласови од страна на жирито на церемонијата што се одржа денеска во Женева. Моделот Renault Mégane E-TECH Electric е втор, со 265 поени и 15 најдобри гласови, додека на последното место на подиумот е Hyundai Ioniq 5, со 261 поен, исто така со 15 најдобри гласови.

Останатите финалисти за овогодинешната награда, со шест електрични автомобили од седумте, се: Peugeot 308 (191 бод), Skoda Enyaq iV (185), Ford Mustang Mach-E (150) и Cupra Born (144). Шест од финалистите беа целосно електрични автомобили, а седумте модели беа достапни или во бензинска или дизел верзија, или како хибрид што се полни plug-in. На самиот почеток на изданието за 2022 година, 18 од 39-те автомобили на долгата листа беа електрични.

Жирито за автомобил на годината за 2022 година се состоеше од 59 членови, кои претставуваат 22 европски земји, со цел да се најде најдобриот нов автомобил на продажба. Единствено гласот од члeнот од Русија не беше земен предвид бидејќи тој привремено е суспендиран поради воениот конфликт во Украина.

„Сè уште сме независни од автомобилската индустрија и сè уште немаме категорија“, рече Френк Јансен. „Имаме само еден победник на крајот, не даваме трофеј за секој од учесниците, па затоа оваа награда е толку позната“.

Дел од објаснувањето на членови на жирито за победникот.

„EV6 се издвојува со комбинирање на енергетска ефикасност, батерија со голем капацитет и ултра брзо полнење“.

„Поспортско возење, поцврста суспензија, голем досег и одлично брзо полнење, поради системот од 800 волти, огромниот простор, убавите детали во внатрешноста како прекинувачите со двоен режим за навигација и контролата на климата, без кожни облоги, можно е полнење со V2X“.

„Внатре е просторно и патнички просто со одлична звршна обработкар, технолошката иновација е применета за да се зголеми квалитетот на престојот во внатрешноста. И штом се најдете зад воланот, EV6 нуди непречено и пријатно возење“.

„Најдобриот електричен автомобил од сите финалисти. Ги има истите доблести како Ioniq 5, но е уште поизбалансиран автомобил, попрефинет во поставувањето, поатрактивен во дизајнот, со поквалитетни завршетоци… И тропајќи на нашите емоции ги имаме 585 КС од GT развиен со Rimac“.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK