сабота, 25 јули, 2025 година

Jaguar Land Rover знае како ќе изгледа воланот на иднината

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

За време на првото издание на Tech Fest во Универзитетот за уметност во Лондон, Jaguar Land Rover ќе го претстави своето видување во однос на автомобилскиот волан на иднината. Развојното решение на Jaguar Land Rover се нарекува Sayer и од компанијата ветуваат дека таа ќе биде дел од целосно нов концептуален развој. Jaguar ‘FUTURE-TYPE’ ќе го демонстрира погледот на компанијата за автомобилската мобилност за 2040 година и далечна иднина.

Основната концепција на Sayer, е всушност крстена по еден од најпознатите дизајнери на Jaguar, Малком Соер. Тоа ќе биде само дел од возилото што клиентот навистина ќе го посакува во еден свет на споделен и автономен патен транспорт.

- Advertisement -

Од Jaguar Land Rover коментираат дека Sayer е првиот во светот AI (Artificial Intelligence) волан со гласовно управување, кој паралелно со останатите функционалности, е во состојба да прави проценка на маршрутата на претстојното патување. И на нејзина база да понуди дел од маршрутата, во кој возењето на возилото останува целосно под контрола на возачот за да се постигне дополнително задоволство.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја