сабота, 25 јули, 2025 година

Германците решија – ова се најдобрите половни возила

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Германските возила секогаш се на цена, поради квалитетот, но и затоа што „држат цена“ при препродавање. Организацијата за техничка анализа на производите DEKRA ги објави резултатите од годишните тестирања на половните автомобили, а според нивните податоци најдобри се покажале токму германските возила. Тие победиле во шест од девет категории освојувајќи најмногу бодови. Моделот Mercedes E class повторно е најдобра во сите класи.

Истражувањето е работено врз основа на преглед на околу 15 милиони возила во последните две години. Покрај што дава детални информации за типичните дефекти на секое возило поединечно, во овој извештаг се наоѓаат автомобили од ист сегмент рангирани по квалитет.

- Advertisement -

При оценувањето на квалитетот, Dekra ги исклучува типичните проблеми кои се резултат на лошо одржување на возилото од страна на сопственикот, како што се истрошени бришачи или гуми, туку се фокусираат на суштински и битни дефекти.

За донесување на некој аоценка потребно е да има испитување на најмалку 1.000 примероци во релевантен опсег на километража.
Главен фактор при оценувањето е километражата, а не староста на возилото. Автомобилите се поделени во девет класи, а во секоја од нив има и три категории на километража (0–50.000 км, 50.001–100.000 км и 100.001–150.000 км)

Победници по категории:
мали автомобили: Audi A1 (DFI: 96.4)
компактна класа: BMW serija 1 (96,8)
средна класа: Volvo S60 / V60 (98,7)
висока средна класа / висока класа: Mercedes E-klasa (97,4).
спортски автомобили: BMW Z4 (97,2)
СУВ возила: Mercedes GLK (95,0)
МВП возила: Mercedes B-klasa (99,2).
мали ванови: Skoda Rumster (83,1)
комби возила: Renault Master (83,1)

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја