Германците држат 21 отсто од светскиот извоз на автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Европските, а особено германските возила секогаш се на цена, а токму од германските фабрики излегуваат и најголемиот број на возила наменети за други пазари. Според последните податоци дури 21 отсто од вкупниот светски извор на автомобили доаѓа токму од германските фабрики. Вкупнта вредност на извезените возила е 151,9 милиарди долари.

На листата од првите десет земји во светот според извозот на автомобили и нивната вредност, половина се наоѓаат во Европа, три во Америка и две во Азија.
Интересно е што како петти најголем европски извозник на автомобили е Чешка, каде вредноста на извозот е 18,8 милијарди евра и држат 2,75 отсто од светскиот извоз на автомобили.

Фактот што повеќе јапонски возила се извезуваат отколку американски е поради близината на Јапонија до Кина. Токму тој пазар е најголемиот потрошувач н ајапонски возила, иако во Кина постојано се отвораат нови фабрики, кои се првнствено наменети за домашните купувачи.

1. Германија – 151,9 милијарди долари (21.8% од уделот на пазарот)
2. Јапонија – 91,9 милијарди долари (13,2% од уделот на пазарот)
3. САД – 53,8 милијарди долари (7.7% од уделот на пазарот)
4. Канада – 48,8 милијарди долари (7.0% од уделот на пазарот)
5. Британија – 41,3 милијарди долари (5.9% од уделот на пазарот)
6. Јужна Кореја – 37,5 милијарди долари (5.4% од уделот на пазарот)
7. Шпанија – 35,6 милијарди долари (5.1% од уделот на пазарот)
8. Мексико – 31,4 милијарди долари (4.5% од уделот на пазарот)
9. Белгија – 30,3 милијарди долари (4.3% од уделот на пазарот)
10. Чешка – 18,8 милијарди долари (2,75% од уделот на пазарот)

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK