Германија не е САД, а ниту Кина – Tesla во проблеми со новата фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla минатата година го започа производството во својата фабрика во Кина, што претставува првата фабрика на Tesla изградена надвор од САД. Веднаш потоа Tesla ја најави изградбата и на фабриката во Германија, но очигледно дека на американците им оди многу тешко.

Оваа фабрика првично требаше да биде пуштена во употреба ова лето, но последните извештаи од Германија најавуваат одложување на завршувањето на фабриката. Германската публикација Automobilwoche објави дека утврдени се бројни критични аномалии на фабриката близу Берлин. Токму за нивно надминување потребно е дополнително вложување на пари и време.

Tesla веќе претходно се соочи со неколку проблеми при изградбата. Најпрво се тужеше со локалните друштва и организации за заштита на животната средина поради сечењето на шума, а потоа го отпушти и одговорниот на фабриката бидејќи беше надминат рокот за плаќање на данок.

Инаку во оваа фабрика предвидено е да се произведува моделот Y за европскиот пазар. Сега, со доцнењето на изградбата, стартот на производството во оваа Гига фабрика се очекува да се случи во првата половина следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK