Автомобилот на Бонд продаден за 6.385.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Легендарниот автомобил на Џејмс Бонд, Aston Martin DB5 е продаден на аукција која се одржа во Калифорнија, САД. Аукцијата ја спроведе специјализираната компанија за организирање на аукции, RM Sotheby, а цената по која е продаден автомобилот од 19665 година е неверојатна и изнесува 6.385.000 американски долари.

Овој автомобил беше дел од филмот Thunderball од 1965 година и претставува еден од ретките автомобили, па токму поради тоа е и многу посакуван од страна на колекционерите.

Инаку купувачот на овој автомобил за 1.7 милиони долари доби и Aston Martin DB5 во Shooting Brake изведба кој е само еден од 12-те произведени автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK