Aston Martin краде кај Maserati

ОБЈАВЕНО НА:

Нов шеф на инженерскиот тим во Aston Martin е Макисмилијан Жвај, но интересно е што тој не доаѓа од внатрешните редови на компанијата, туку е „купен“. И трансферoт на свежата крв и талентираниот Жвај е од конкурентската компанија Maserati.

Тој последните шест години бил одговорен на делот за иновации и шасии во Ferrari, и во сестринската компанија Maserati. Има работено и за Porsche и za BMW.

Новиот одговорен директор доаѓа во клучно време за Aston Martin, бидејќи компанијата неодман во промовираше моделот DB11 базиран на нова платформа, со нов дизајн и нов мотор. Британскиот автомобилски производител работи и на нов супер автомобил заедно со Red Bull, и многу брзо ќе биде промовиран и нов кросовер кој беше најавен со концептот DBX, и уште неколку други работи кои би требале да имаат добра завршница и да има вклучено многу од знаењето на Жвај.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK