Верувале или не! Овој Citroen се продава за 190.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Porsche и Ferrari авотмобилите се највредните и најбараните на пазарот на олдтајмери. Поради тоа цените на овие автомобили достигнуваат стотици илјади па милионски суми. Освен автомобилите на овие брендови, како и повеќето германски и италијански брендови, ретко кој друг бренд може да се пофали со ваква цена.

Невообичаено, но и автомобил од брендот Citroen е огласен по цена од 189.500 долари што е ретко кога е во прашање автомобил од француско производство.

Citroen DS21 Concorde

Станува збор за моделот DS21 кој во купе изведба го преправи Хенри Шапрон. Истиот овој автомобил произведен во декември 1965 година е огласен од страна на Hyman LTD од Мисури, САД по наведената цена.

Овој примерок доаѓа со т.н. Midnight Blue/Shell Gray екстериер, кожни седишта, прозори со електрично регулирање, Radiomatic FM радио со Хиршман антена, Маршал светла за магла…

Citroen DS21 Concorde

Овој автомобил е многу редок. Направени се само 35 примероци во 60-те години на минатиот век. Денес на најголем дел од овие произведени автомобили не им е позната судбината па останати се само неколку, целосно функционални примероци, меѓу кои и овој.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK