Вака би можела да изгледа новата Lada Granta

ОБЈАВЕНО НА:

Не е тајна дека во Lada се работи на новата, втора генерација на моделот Grаnta која треба да се појави во текот на следната година.

Пред премиерата, руските медиуми објавија рендер од можниот изглед на овој модел. Од изгледот, големината и формата, може да се заклучи дека истиот се темели на моделот Logan кој во Европа се продава под брендот на Dacia, а во некои други региони под Renault.

Во недостаток на официјални информации се шпекулира дека новата генерација ќе биде достапна со 1,6 литарски бензински мотор со верзии со пет степен мануелен и четири степен автоматски менувач.

Инаку моделот Granta за прв пат во понудата на рускиот производител е воведен во 2011 година. Покрај во земјите од поранешениот СССР овој модел се продаваше и во Египет каде и се произведуваше од страна на Alamal Group.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK