УПОРНОСТ: Положила возачки после 960 обиди – добила подарок возило од авто производител (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

И плус се појавила во реклама на Hyundai.. Вистинска ѕвезда...

Јужнокорејката Ча Са-Сун е доказ дека упорноста се исплати. Откако паднала на возачки испит, таа не се откажала и се обидела повторно. И се обидувала и се обидувала додека не успеала. Во 960 обид.

Неверојатната приказна е стара но е потврда дека човекот учи додека е жив и дека упорноста секогаш дава резултати. И секако, можете да бидете наградени за тоа.

Ча Са-Сун, 69, првпат се обидела да полага писмен испит во април 2005 година. Таа не успеала да го полоши. Во следните три години, таа се обидувала повторно секој ден, пет дена во неделата, додавајќи до 780 обиди.

Подоцна, таа ја намали фреквенцијата на полагање на само два пати неделно додека конечно не го положи. Потоа дојде време за практичниот дел од испитот. Ѝ требаа десет обиди. Стигнала до 960 обиди и повеќе од 12.000 евра пред конечно да ја добие возачката дозвола.

Но, нејзината упорност не беше без причина. Возачкиот испит и требаше поради нејзината работа со продажба на зеленчук. Кога конечно успеа, нејзиниот инструктор Јеонбук исто така бил среќен со нејзиното достигнување:

„Сите навивавме за неа и кога конечно ја доби возачката дозвола, ја прегрнавме и и подаривме цвеќе. Каменот е оттргнат од нашите срца. Немавме храброст да и кажеме да се откаже бидејќи постојано се појавуваше“.

Возачката дозвола не била единствената награда што ја добила. Нејзините напори биле препознаени од Hyundai и и подариле сосема нов автомобил, а таа се појавила и во нивната реклама.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK