Уникатно BMW на Ф1 легенда на продажба (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Уникатното BMW 507 произведено во 1957 година, кое е сместено меѓу легендарните автомобили во историјата на компанијата се најде на продажба. Се работи за возило од кое се направени само 252 примероци, а тоа денес му дава вистинска колекционерска цена.

Дополнително цената ја зголемува фактот што ова возило било во сопственост на еден Британец кој е меѓу ретките пилоти во Формула 1 кои покрај титула во ова натпреварување има и во Кралската класа кај мотоциклистите. Во 1956, 1958, 1959 и 1960 година Џон Суртис победи кај мотоциклистите, додека во 1964 година успеа да се искачи и на највисокот место во Формула 1.

Тој е сопственикот на ова BMW 507. Роден е во 1934 година, а почина минатата година и затоа сега неговото возило е на продажба. Возилото е опремено со 3,2 литарски V-образен осумцилиндричен мотор, кој располага со моќност од 150 коњски сили.

Максималниот момент на вртежи се пренесува на задните тркала со четиристепен менувач. Откако го порачува ова BMW тој е ангажиран од тимот на Ferrari, а оттаму добива службен автомобил и доива совети да не се појавува на јавни места со новото BMW.

Суртис не го продава и сè до својата смрт и го чува во својата гаража, па сега возилотот ќе се најде на аукција на Bonhams.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK