Турците имаат „хит“ – за електричниот Togg има 177.000 преднарачки за 12 дена

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата ќе испорача 20.000 примероци од T10X оваа година, а со лотарија ќе се утврди кои клиенти ќе ги добијат првите 20.000 електрични автомобили.

Турција реши да влезе на пазарот на електрични возила и да понуди домашен производ. Според почетната заинтересираност изгледа дека тоа ќе биде „хит“ возило. За само 12 дена електричниот модел Togg ima 177.467 пред-нарачки за првиот модел T10X.

Компанијата ќе испорача 20.000 примероци од T10X оваа година, а со лотарија ќе се утврди кои клиенти ќе ги добијат првите 20.000 електрични автомобили. Производителот претходно најави дека бројот на испораки во 2023 година ќе биде 12.000, но по големата побарувачка тој број е зголемен на 20.000.

Цената на стандардниот модел T10X се движи од 953.000 турски лири (околу 50.200 долари) до 1.055 милиони лири (околу 55.600 долари), додека моделот со долг дострел чини 1.215 милиони лири (околу 64.000 долари).

Со две опции за батерии за верзијата со погон на задните тркала од 160 kW (218 КС) на T10X, клиентите можат да изберат помеѓу опсег од 314 или 523 километри.

Првата верзија може да забрза од 0 до 100 km/h за 7,6 секунди, додека втората, која ќе започне да се испорачува на 29 октомври, може да забрза до 100 km/h за 4,8 секунди. Втората верзија ќе има погон на четири тркала и 320 kW (435 КС).

Батериите Togg T10X можат да се полнат од 20 до 80 проценти од капацитетот за помалку од 28 минути на станиците за брзо полнење.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK