Новоформираниот турски производител TOGG започна со производство на својот прв електричен автомобил, а во пресрет на почетокот се здоби со значајна награда од сферата на дизајнот. Благодарение на дизајнот на првиот автомобил, овој производител ја доби наградата iF Design Award во категоријата “Professional COncept”.
Оваа награда има на тежина особено поради фактот што во изборот учествувале илјадници проекти од 52 земји. Инаку за дизајнот, покрај турските дизајнери раководени од Мураг Гунака, на овој автомобил работеше и тим составен од дизајнери на познатата дизајнерска куќа Pininfarina.
За потсетување, својот прв автомобил TOGG, во присуство на Реџеп Таип Ердоган го претстави во декември 2019 година. Турска Автомобилска Иницијативна Група (ТАИГ), како што е наречена оваа иницијатива е предводена од страна на Мехмет Гурчан Каракас, а во истата членуват Anadolu Grubu, BMC, Kok Grubu, Turkcell, Zorlu Grubu како и Унијата на турските берзи и стопанската комора.