Дневниот весник од Германија, Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ) пренесе дека електричното турско возило кое го произведува турската иницијативна група за автомобили (TOGG) ќе биде голем предизвик и конкурент на автомобилите во неговата класа, како Tesla и Volkswagen.
Весникот пренесува дека TOGG гарантира дека со една батерија автомобилот ќе може да премине повеќе од 500 километри, дека полнењето на батеријата до 80 проценти ќе трае само пола час и дека автомобилите ќе се продаваат по конкурентна цена.
Во веста се наведува дека „турскиот електричен автомобил ќе биде предизвик и конкурент на другите потенцијални конкуренти, како Tesla и Volkswagen“, пренесува TRT.
Германскиот дневник пренесе дека пандемијата Ковид 19 не била пречка за продолжението на производството на овој автомобил и дека компанијата TOGG место зборот „автомобил“ преферира користење на терминот „паметна машина“.
Се истакнува дека TOGG поголемиот дел од компонентите за автомобилот ќе се произведуваат во Турција и дека со текот на времето тој процент ќе се зголемува.