Новата генерација на Toyota Yaris е добитник на признанието „Автомобил на годината во Европа за 2021“ година. Јапонскиот автомобил во конкуренција на седумте финалисти доби најмногу гласови од 59-те членови на Жирито од 22 земји од Европа.
За Toyota Yaris ова е втора ваква награда откако првата генерација на Yaris беше победник во 2000 година. Во конкуренција за „Автомобил на годината“ беа уште и Citroen C4, Land Rover Defender, Fiat 500, Skoda Octavia, VW Id.3 и Cupra Formentor.
Церемонијата на доделување на наградата, односно објавувањето на побендикот беше во Женева, и се одржа онлајн.
Целата снимка од прославата можете да ја погледнете тука.
https://youtu.be/X6nN9XyoSho