TNGA (Toyota New Global Architecture) е модуларна автомобилска платформа развиена од страна на Toyota Motors која се користи кај бројни нови модели на Toyota и Lexus.
Во изминативе неколку години јапонскиот производител разви неколку модификации на оваа главна платформа. Така TNGA-C платформата веќе се користи кај Lexus UX, Toyota Corolla и бројни други автомобили. Тука се и TNGA-K, TNGA-N и TNGA-L платформата.
Сега, Toyota објави дека ја креираше најновата во низата, TNGA-B или скратено GA-B платформата која е наменета за најмалите модели во понудата. Напредната техника во создавањето проследена со задржувањето на малата тежина и ниските трошоци за производство се двата придонеси на оваа платформска под-изведба.
Оваа платформа за прв пат ќе најде примена кај новата генерација на Toyota Yaris.