На крајот од минатата година, Toyota пушти ултракомпактен електричен автомобил – C + Pod. Тоа е целосна спротивност на огромниот Toyota Land Cruiser 300, кој дебитираше неодамна.
Електричниот автомобил е создаден специјално за бизнис со споделување на автомобили. Возилото веќе е достапно за клиентите во местото Канагава во Јапонија. Секој може да го изнајми за 7 долари на час или за 12 часа во износ од 43 долари.
Автомобилот се нуди во Јапонија за изнајмување и припаѓа на класата L7e – тежок ATV. Овие возила се дозволени на јавните патишта, а трошоците за нивното осигурување се пресметуваат според тарифата на мотоциклот.
Новата Toyota C + Pod е опремена со електричен мотор од 13 коњски сили (9,2 кВт) и има 9,06 кВтч батерија. Километражата со едно полнесње според податоците е 150 километри.
За да се наполни целосно батеријата од домаќинска електрична мрежа се потребни околу пет часа. Покрај тоа овој компактен електричен автомобил може да послужи и како извор на енергија.
За таа цел е предвидено специјален приклучок под возачкото седиште.
Надворешно, електричниот автомобил изгледа што е можно поедностав. Истото може да се каже и за внатрешната декорација.
https://youtu.be/_3pp-VtgOoE
Внатрешноста е направена со материјали кои може да се перат, тапацирот на предниот панел и на вратите е пластичен, подот нема вообичаени подови подлоги, а преовладува пластиката.