Toyota Motor со раст од 41% за 2021 година во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Најпродаваниот автомобил на Toyota во Европа во првата половина на 2021 година е Yaris со 118.258 реализирани примероци, а потоа се редат Corolla (114.841) и RAV4 (88.963)

Европскиот оддел на Toyota Motor може да се пофали со пораст од 41% во продажбите за првата половина на 2021 година. Реализацијата на компанијата го достигна нивото од 598.888 единици, од што 559.718 биле претставници на брендот Toyota (+42%), а другите 39.170 примероци (+32%) на Lexus.

Како резултат на завидната ефикасност на пазарот на нејзините два бренда, Toyota Motor Europe го забележа и најдобриот удел на пазарот во Европа бидејќи на крајот на првото полугодие тоа беше 6,6%.

Најпродаваниот автомобил на Toyota во Европа во првата половина на 2021 година е Yaris со 118.258 реализирани примероци, а потоа се редат Corolla (114.841) и RAV4 (88.963). Најбараниот хибридна понудана бредот е Yaris Hybrid (92.979), а потоа се Corolla Hybrid (89.130) и C-HR Hybrid (66.875).

Во Lexus, со минимална разлика, првата тројка е поделена меѓу UX (10.658), NX (10.606) и RX (9.182). Најпродаваниот хибрид на брендот е UX Hybrid (9.083), а потоа се NX Hybrid (7.645) и RX Hybrid (3.050).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK