Toyota ја зголеми сопственоста во Subaru

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota и Subaru имаат долга историја на заедничка соработка. Работеле и работат на развој на бројни платформи, технологии и спортски автомобили. Во име на добрата досегашна соработка, а пред отпочнување на реализирањето на нови проекти, Toyota ја зголеми сопственоста во Subaru купувајќи дополнителни акции.

Toyota на берзаta во Токио успеа да купи дополнителни 3% од акциите па така сега од 17% ќе поседува 20% од акциите односно сопственоста. Некои медиуми сметаат дека Toyota и Subaru би можеле да се спојат до крајот на следната година како континуитет во низата прегрупирања во автомобилската индустрија.

Со евентуално спојување би настанал убедливо најголемиот јапонски производител и еден од најголемите во светски рамки. Toyota и сега е најголем јапонски производител со годишно производство над 10 милиони возила, но со спојувањето на Subaru оваа бројка ќе се зголеми за нешто над 1 милион.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK