Toyota GR HV Concept за саемот во Токио

ОБЈАВЕНО НА:

Пред да дојде премиерата за јавноста, Toyota онлајн го претстави новиот GR HV Concept што ќе дебитира на саемот во Токио на крајот од месецов. Од компанијата коментираат дека возилото го комбинира задоволството од управувањето на спортски модел со алтернативен погон.

Од компанијата не коментираат детали за GR HV SPORTS а сега е објавено само тоа дека возилото е со основни димензии: должина 4395 мм, ширина 1805 мм и височина 1270 милиметри, и доаѓа со делив тврд покрив. Концепт возилото е опремен со хибриден систем THS-R (Toyota Hybrid System-Racing), со погон на задните тркала.

Во името стои GR (Gazoo racing) додека HV е ознака за Hybrid Vehicle, и се покажува дека е инспириран од легендарната Supra и Sport 800 што се натпреваруваше на WEC шампионатот.

Интересна карактеристика кај GR HV SPORTS е менувачот, која е автоматски, но доаѓа со типичен за рачните менувачи, лост и можност за менување. Во топката на рачката пак е интегриран спектакуларен старт стоп копче со заштитна вратичка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK