TopGear им додели награди на најдобри електрични автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Една од најпопуларните, ако не и најпопуларна ТВ емисија посветена на автомобилизмот, Top Gear ги додели наградите за најдобрите електрични автомобили за 2021 година. Без прогласени 12 електрични автомобили во 12 различни категории.

Електричната S класа на Mercedes-Benz ја доби наградата за електричен автомобил со најдобар ентериер. Ретро дизајнот комбиниран со модерна технологија е причината за Hyundai Ioniq да биде прогласен за електричен автомобил со најдобар дизајн. За најдобар концепт е избран Renault 5 кој беше претставен оваа година, а кој францускиот производител се очекува премиерно да го претстави следната година.

Audi E-Tron GT е избран за најдобар електричен спортист, а во конкуренција на ретро автомобилите за најдобар е Lunaz Bentley. Награда од Top Gear доби и Peugeot E-2008 за најдобар електричен кросовер, Ford Mustang Mach-E за најдобар фамилијарен електричен кросовер, Polestar 2, Lotus Evija...

За најдобар од најдобрите е избран Porsche Taycan кој ја доби најградата за “Најдобар електричен автомобил”.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK