Top-10 највредни автомобилски брендови според Brand Finace за 2023

ОБЈАВЕНО НА:

Според годишното истражување на BRAND FINANCE, американскиот производител на електрични автомобили Tesla е највредниот автомобилски бренд во светот за 2023 година, искачувајќи се две позиции на годишно ниво и претекнувајќи ги Mercedes-Benz и Toyota.

Според BRAND FINANCE, вреднувањето на Tesla за 2023 година е на ниво од 66,2 милијарди американски долари, наспроти 46,01 милијарди минатата година.

Податоците покажуваат дека Mercedes-Benz останува на второто место со проценка од 58,797 милијарди долари, со показател од 60,760 милијарди во 2022 година, а на трето место е Toyota со 52,493 милијарди долари (64,283 милијарди во 2022 година).

Со раст на нивните проценки, во ТОП 5 највредните автомобилски марки се и BMW со 40,367 милијарди долари и Porsche со 36,759 милијарди долари.

Во ТОП 10 ги има и Volkswagen (33,958 милијарди), Honda (24,219 милијарди), Ford (22,267 милијарди), Hyundai (15,863 милијарди) и Audi (13,895 милијарди).

BRAND FINANCE го нагласува фактот дека Tesla е првата автомобилска марка која ја зазема првата позиција без да биде производител на автомобили со мотор со внатрешно согорување

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK