Мистеријата е решена – Tonale е најновиот модел концептен SUV на Alfa Romeo.
Претставен на саемот во Женева, а најавуван последниот месец, Tonale по влегување во сериско производство ќе биде првиот модел на италијанскиот производител на хибриден погон.
Преку препознатливиот “нос” до модерните ретровизори со камери, ентериерот претставува спој на традицијата и иднината. Оригинален како и секогаш овој модел е најавуван како сериозен конкурент во својот сегмент. Дизајнот во целост е изработен од страна на центарот за стил на Alfa Romeo кој во последните години го има главниот збор кога се во прашање новите модели на производителот.
Тука се и 21 инчни фелни со препознатлив алфин дизајн. Како што најауваат од Alfa Romeo овој автомобил ќе има значително помала тежина од вообичаеното како и 50:50 дистрибуција на тежината која во моментов е оставерна и кај Alfa Romeo Giulia.
И на предниот и на задниот дел доминираат 3D LED светлата. Дополнителен детал е и змијата од логото на Alfa Romeo аплицирана на задното странично стакло.
Овој модел се очекува да биде комерцијализиран кон крајот на следната година иако некои италијански медиуми соопштуваат дека тоа сепак ќе се случи во 2021 година. Во наредниот период се очекува од Alfa Romeo да откријат повеќе информации околу техничките спецификации.