Тиктокерството е популарно и во Македонија, но македонската полиција ги лови „фалбаџиите“ и ги казнува. Полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај го открила и санкционирала 24-годишниот Б.Ј. од Тетово, кој управувал патничко моторно возило BMW, со тетовски регистарски ознаки и околу 12.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час.
Потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „Тик-ток“ за да се пофали.
Согласно член 36 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата изготвен му е поднесок и тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, а ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година.