Tеslа ќе гради фабрика во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Tesla ги проучува можностите да дојде до сопствена фабрика на територијата на Германија. Најголема шанса за да бидат домаќини на фабриката се провинциите Северна Рајна-Вестфалија и Долна Саксонија поради близината до традионално силните пазари за електромобили како Холандија и Норвешка.

Претставници на Tеslа официјално откажуваат да ги коментираат гласините, но според информации од претставници на американската компанија проектор веќе бил разгледан со властите во двете федерални провинции.

Во моментов Tesla се произведува единствено во Калифорнија, но проектот за изградба на првата фабрика надвор од САД е веќе во завршна фаза.

Првата серија на Mоdеl 3 треба да произлезе од фабриката во градот Шангај до крајот оваа година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK