Tesla ќе ги продава автомобилите исклучиво онлајн

ОБЈАВЕНО НА:

Од Tesla најавија дека целосно ќе се откажаt од моделot за продажба на автомобили преку дилерите во сопственост на компанијата и ќе се заложи за онлајн трговија. Новиот модел е многу радикален, што се однесува до продажба на возилата, но ќе заштеди и многу пари на Tesla. На тој начин компанијата влегува во битка со цената на производителите на електромобили, откако во текот на овој месец треба да се појави Model 3 во версија на ветеното од самиот почеток со цена од 35 000 долари.

„Во следните неколку месеци планираме да затвориме многу од нашите продавници, а ќе останат само мал дел од нив. Преминувањето на онлајн продажба, заедно со други мерки ги намалува расходите, кои веќе се големи и ќе ни дозволат да ги намалиме цените на автомобилите за околу 6 проценти“, соопштуваат од компанијата.

Веќе неколку години по ред Tesla води контроверзна битка со поединечни земји и дилери на автомобили поради сопственоста на трговската мрежа, со оглед на тоа што во многу земји овој модел е забранет за да се зачуваат интересите на традиционалните трговци со автомобили.

Во моментов Tesla има околу 120 места за продажба на автомобили, кои главно се наоѓаат во трговските центри. Тие не се дилери во традиционална смисла на зборот, па повеќе се доближуваат до концепт за продавници за електроника или мобилни телефони. Продавниците на Tesla се наоѓаат на мала површина, немаат сервис, немаат обезбедување и финансирање на клиентите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK