Tesla има конкуренција: Mercedes покажа електричен камион со автономија од 800 км.

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2020 година, Mercedes го најави појавувањето на електричен камион влекач наречен eActros LongHaul, кој ќе ги замени дизел камионите на марката во иднина. Сега компанијата е подготвена со првиот работен прототип на eActros, кој ќе биде прикажан за време на IAA Transportation 2022, која ќе се одржи во Хановер подоцна оваа година.

Електричната верзија на Actros се разликува по изглед само во отсуство на решетка во предниот дел и отстранување на резервоарите, каде што се поставени портите за полнење.

Погонот го обезбедува нов тип на мотор кој генерира 544 коњски сили при нормално оптоварување и до 816 коњски сили кога е потребно но за кратко време.

Батеријата има капацитет од 600 kWh и може да издржи до 500 километри со едно полнење, а со соодветна станица за полнење може да се обезбеди полнење од 20 до 80% за само 30 минути. Сепак, Mercedes се здружи со компаниите Trailer Dynamics и Krone и разви специјални приколки со сопствени батерии и електрични мотори, кои го зголемуваат досегот на целиот состав на 800 километри со едно полнење.

Mercedes вели дека камионот е направен да трае најмалку 10 години и над 1,2 милиони километри, исти услови како и конвенционалните камиони. Новиот модел ќе влезе во сериско производство во 2024 година заедно со стандардните камиони влекачи во фабриката на компанијата во Германија.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK