Изминатите години Tesla бележи огромен напредок, а за кратко време стана огромен технолошки гигант, не само во рамките на САД туку и во глобални рамки.
Тоа придонесе да се повеќе инвеститори ги инвестираат своите пари во американската компанија, а засега тоа одлично им се исплати и покрај несмасните изјави на Илон Маск.
Американските медиуми пренесуваат дека денес Tesla, по речиси две децении е најбрзорастечката компанија во САД, во поглед на вредноста. Така денес оваа компанија вреди 400 милијарди американски долари што е читир пати повеќе од вкупната вредност на останатите американски производители, GM, Ford и Fiat Chrysler.
Доказ за ова е и тоа што овој месец, и покрај кризата од коронавирусот, компанијата планира да подели дивиденда во однос од 1:5, а аналитичарите пак, очекуваат вредноста уште забрзано да се зголемува во наредниот период.