Tata демантира – нема да се продава Jaguar Land Rover

ОБЈАВЕНО НА:

Индијската компанија Tata Motors ги отфрли гласините дека планира да ја продаде компанијата Jaguar Land Rover.
“Нема вистина во гласините дека Tata Motors разгледува можност за продажба на акциите на JLR” кусо изјави портпаролот на Tata Motors за Ројтерс.

Гласините за продажбата на Jaguar Land Rover (JLR) се појавија откако изминатата деловна година беа забележани лоши финансиски резултати. Тоа најмногу се должи за заострувањето на дизелските регулативи со воведување на WLTP процедурата, излегувањето на Велика Британија од Европската Унија и падот на продажбата во Кина и Индија.

Поради овие причини изминатите месеци JLR отпушти дел од вработените во фабриките во Велика Британија, затвори неколку производствени погони, а направи и релокација на производството во Словачка.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK