Швајцарската компанија за дизајнирање и производство на часовници и модни додатоци TAG Heuer заедно со Aston Martin креираа специјална едиција на DBS Superleggera.
Во споредба со основниот модел овој доаѓа со Monaco Black боја со аеродинамички пакет од јаглеродни влакна, нови црни фелни со Pirelli гуми. Во внатрешноста новитет се седиштата со логото на TAG Heuer како и неколку дополнителни дизајнерски детали.
Инаку овој модел располага со 5.2 литарски twin-turbo V12 мотор кој пак располага со 725КС со 900 Nm вртежи. За 3,4 секунди постигнува до 100 км/ч., а максималната брзина изнесува 340 км/ч.
Овој модел ќе биде произведен само во 50 примероци, а цената иако не е позната се очекува да изнесува над 300 илјади евра.