Компанијата Citroen ја претстави модернизираната варијанта на најмалото возило – C1. Автомобилот е со модерен мотор. Хечбекот се нуди со 1.0 литарски трицилиндричен бензинец на Toyota чија моќност е зголемена од 68 на 72 коњски сили. Агрегатот работи во тандем со механичка или роботизирана менувачка кутија. Како алтернатива моделот ќе продолжи да се продава и со 1,2 литарски мотор со 82 коњски сили и 118 Нм вртежен момент.
Има две специјални верзии: Urban Ride и Elle. Првата се разликува од стандардните варијанти со црните странични огледала, Првата се разликува од стандардната верзија по е ретровизори со црна боја, затемнетите прозорци и можноста за избор од пет дополнителни бои на каросеријата.
Варијантата, која има име по популарното женско списание Elle е посветена на соработката на компанијата од Франција со списанието. Таа модификација може да биде порачана во три екслузивни бои и со специјални 15-инчни бандажи.
Citroen C1 веќе располага и со модернизиран информациско-забавен систем со седуминчен сензорски екран, како и поддршка за Apple CarPlay, Android Auto и Mirror Link.