Светска премиера на Audi A6 e-tron концепт (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Audi го искористи саемот во Шангај за да го покаже концептот А6 е-tron кој е претходник на новото, целосно електрично семејство на автомобили.

Од Audi велат дека комплетно новата архитектура – Premium Platform Electric (PPE), ќе се користи во развојот на овие нови автомобили, од кои првиот ќе го видиме на крајот на следната година. Семејството ќе вклучува понуди од сегментот Б и Ц, понуди за СУВ, како и сериската верзија на Audi A6 e-tron.

А6 е-tron concept

Audi го искористи саемот во Шангај за да го покаже концептот А6 е-tron кој е претходник на новото, целосно електрично семејство на автомобили.

Концептот Audi A6 e-tron има основни димензии на должина од 4,96 метри, ширина 1,96 метри и висина од само 1,44 метри.

Според прелиминарните податоци на компанијата, електричниот автомобил се очекува да може да помине повеќе од 700 километри со едно полнење на батеријата, како и да забрза од 0 до 100 км на час за помалку од 4 секунди. За таа цел, тој се потпира на два електромотори со моќност од 476 КС и вртежен момент од 800 Нм.

Модулот за батерии на концептот Audi A6 e-tron – 100 kWh, овозможува полнење на систем за брзо полнење (до 270 kW), што ви овозможува да генерирате дополнителни 300 километри за само 10 минути. За 25 минути полнењето може да се зголеми од 5% на 80%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK