Надлежниот суд во Токио донесе одлука за продолжување на притворот на поранешниот прв човек на управниот одбор на јапонскиот производител Nissan, Карлос Гон.
Оваа одлука доаѓа откако претходно, по иницијалното изрекување на притворот му беше еднаш продолжен притоворот, а сега тој добива дополнителна една недела во притвор односно според соопштението Гон во притворното одделение во Токио ќе остане до 20 декември.
За потсетување, Гон пред речиси еден месец беше лишен од слобода од страна на јапонските власти под обвинение дека за наводни финансиски малверзации. Овој притвор придонесе да членовите на управнито одбор на Nissan го разрешат од функцијата, а значително ја разниша и стабилноста на Renault-Nissan Алијансата.
Засега нема информација кога ќе започне судењето против Гон и за тоа до кога ќе остане во притвор. Од Renault пак, каде што иницијално започна да ја извршува претседателската функција и натаму веруваат во Гон и се крајно убедени дека нивниот прв човек не е виновен односно нема прекршено ниту еден од потенцираните јапонски закони.