Електрификацијата на автомобилската индустрија е следен чекор и сите производители вложуваат многу, и се смета дека електричните возила ќе придонесат во намалувањето на загадувањето на околината. Но, истражувањата покажуваат дека купувањето целосно електричен автомобил всушност може да го зголеми вашиот јаглероден отпечаток, освен ако возачите не надминат одреден праг на километражата.
За електричните автомобили да бидат добри за животната средина, возачите мора да поминат одреден праг на километражата. Но многу домаќинства кои имаат вакви воаила не ги користат доволно за да ги надоместат емисиите од производството на нивните целосно електрични автомобили.
Студијата на Харвард вели дека луѓето кои ретко возат се подобри за животната средина со возило опремено со CNG, кое испушта повеќе CO2 во текот на својот животен век, но го избегнува високо загадувачкиот процес на производство на батерии.
На крајот, се е до километражата – за ЕВ да го достигнат својот потенцијал за намалување на емисиите, нивната километража мора да биде помеѓу 28.069 и 68.160 милји (меѓу 46 и 110 илјади км). Сепак, многу домаќинства ги продаваат своите автомобили пред да стигнат таму.
Ова е затоа што батериите што ги напојуваат електричните возила се одговорни за огромен дел од емисиите во текот на производниот процес. Студијата ги разгледува субвенциите и како американската влада ја поттикнува сопственоста на ЕВ. Авторите заклучуваат дека субвенциите имаат тенденција да „се движат кон богатите“, поттикнувајќи ги погрешните купувачи.
Според студијата, многу ЕВ се купуваат како втор автомобил, но главно остануваат неискористени. Работата во врска со ЕВ е тоа што колку повеќе ги користиме, толку повеќе стануваат очигледни нивните придобивки. Но, постојат многу бариери за нивната употреба, дури и кај сопствениците на ЕВ кои се ограничени од моментално достапните мрежи за полнење.
Авторите на студијата на Харвард нудат насоки за политиката кои препорачуваат зголемување на продажбата и на користени електрични автомобили, при што администрацијата додава даночни кредити за користени електрични автомобили преку Законот за намалување на инфлацијата.
Авторите сега предлагаат да се додадат стимулации за ЕВ што ќе им припаднат на луѓето кои всушност ги возат своите автомобили доволно за да ги исполнат барањата за километражата за да ги видат еколошките придобивки од електричните возила.