Стокхолм со зелена визија – забрана за бензинците и дизелашите

ОБЈАВЕНО НА:

Се повеќе и повеќе европски градови ги презентираат своите планови за зелен развој. Лондон, Амстердам, Хамбург, Осло, Копенхаген се дел од градовите, а на оваа низа и официјално се приклучува Стокхолм.

Главниот град на Шведска усвои стратешки документ според кој од 2030 година центарот на овој град ќе биде забранет за движење на автомобили опремени со бензински и дизелски агрегати.

За да ја постигне оваа амбициозна цел, градските власти ќе го интензивираат процесот на поставување на полначи за електрични автомобили, а со самото тоа да ја подобруваат и инфраструктурата неопходна за електричните автомобили.

Се предлага и намалување на данокот на загадување за електрични возила, а истовремено и зголемување на истиот за возила опремени со бензински или дизелски агрегат.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK