Спојувањето на FCA со PSA не беше добро прифатено во Италија. Повеќе групи се спротивставуваа на оваа одлука плашејќи дека најмногу ќе изгуби италијанската економија. Стравувањата произлегуваа од можните затворања на фабриките на FCA кои се помалку рентабилни од оние на PSA Групацијата, но и со самото преместување на седиштето од Торино во Амстердам.
Сега Stellantis прави уште еден чекор во враќањето на довербата во новоформираната компанија. Откако претходно беше објавено дека во Италија ќе се произведуваат неколку нови модели, сега се работи на планот за отпочнување со производство на батерии наменети за електричните возила.
За таа цел делегација од Stellantis предводена од Џон Елкан и Карлос Таварез во Рим се сретнаа со Џанкарло Џорџети, министерот за економски развој на Италија. На состанокот се разговарало за потенцијалните инвестиции и помошта од италијанската влада за реализација на истите.
По состанокот ниту една од страните не излезе со соопштение, но во Франција, оваа средба предизвика незадоволство поради фактот што наместо во оваа земја, најавенатаи нвестиција ќе се спроведува во Италија.
Претходно Владата на Франција изрази незадоволство од одлуката на Stellantis за производство на мотори во Унгарија. Како ќе заврши оваа деликатна состојба во која се наоѓа овој производител, останува да видиме.