Stellantis подигна кредит од 29 банки

ОБЈАВЕНО НА:

Новоформираната компанија Stellantis кој е производ на спојувањето на FCA Automobili и PSA Group, објави дека потпиша договор за револвинг кредит со 29 банки. При тоа, вкупниот износ на финансиските средства кои ќе му стојат на располагање на Stellantis изнесува 12 милијарди евра.

Со овие кредитни средства всушност ќе се направи и спојување на кредитната изложеност на PSA и FCA кои заедно, пред спојувањето подигнаа кредити во висина од околу 9 милијарди евра.

Ова е најголем заем во историјата на двата производители. Засега нема информација за што конкретно ќе бидат искористени паричните средства, но се претпоставува дека ќе бидат наменети за операции на европскиот континент, особено во Франција и Италија каде ќе се одвиваат идните операции за електрификација.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK