Македонија доби шампион: Бузалковски го освои Европскиот шампионат (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

После минатогодишното крштевање во БМУ Европскиот брзински шампионат во мотоциклизам, годинава Македонија доби шампион во најмалата класа во ова натпреварување СП 125. Христијан Бузалковски после обезбедувањето на 11 подиуми на 11 трки се најде на првото место во генералниот пласман и со вкупно 251 бод без конкуренција ја освои титулата.

Бузалковски доминираше уште од стартот на сезоната и забележа седум победи, три втори и едно трето место на трките кои се возеа во текот на 2018 година.

„Презадоволен сум. Успеавме да ја освојам титулата и сум пресреќен. После толку многу успони и падови успеавме да дојдеме до врвот на крајот од сезоната и се чувствувам одлично Морам да признаам дека ова немаше да се случи доколку зад мене не беше мојот тим Ендуро тим Водно, официјалниот спонзор Компанија Велковски и другите помагатели кои беа до мене во текот на сите овие трки. СИте тие веруваа во мене и во мојот талент и можам само да им бидам благодарен“, коментираше Бузалковски.

Тој триумфираше во БМУ шампионатот, но со оглед на тоа што овие трки кои се возеа на патеките во Сер (Грција), Плевен (Бугарија) и Аданката (Романија), секоја од земјите си организира и свој шампионат. Бузалковски како гост се бори и за титулата во првенството на Бугарија, па може да се избори за уште една титула.

„До крајот на сезоната останува уште една трка. Таа е од Националниот шампионат на Бугарија. Со оглед на тоа што возев на трките и досега кои се бодуваа двојно и за БМУ и за шампионатот на Бугарија, во трка сум и за титулата во шампионатот на нашиот источен сосед“.

Ова не значи дека Бузалковски и неговиот тим ќе запрат со работа бидејќи тие веќе работат на планот за следната сезона. Веќе се подготвува теренот за 2019 година каде ќе има сигурно нови цели и зголемени амбиции после она што се случи во оваа сезона.

„После завршувањето на трките сигурно нема да запреме со работа. Ние ќе продолжиме со напорни тренинзи и понатаму бидејќи ќе имаме многу работа за следната година. Следува интересен период за нашата публика, но официјалното претставување на плановите за 2019 година ќе биде за неколку недели“, изјавува Бузалковски.

За него ова беше втора сезона во БМУ и сезона во која блесна на патеката и доминираше во однос на конкурентите. Тој е активен од 2015 година, но од минатата година доби поддршка од тимот на Ендуро тим Водно и тргна во походот на добри резултати.

БМУ ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА е во Македонија! ШАМПИОН за 2018 година! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🥇🥇🥇

Публикувахте от Buzalkovski Hristijan HB71 в Вторник, 9 октомври 2018 г.

Инаку, сезонава тој возеше и во класата Ф600 каде настапи на три трки. Се очекува во 2019 година да посвети доста внимание и на натпреварите во повисоката класа, па секако се очекуваат и уште поголеми успеси.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK