Новиот концепт на BMW преставен на саемот во Минхен e направен од 100% рециклирачки материјали, а слична иновација има и од компанијата на Continental, но станува збор за новитет во светот на гумите. Над 50% од материјалите за новиот вид на гуми ќе бидат од рециклирани материјали или од обновливи.
Така на пример може да излезе дека гумите ќе бидат направени од рециклирани шишиња од различни напитоци. Од Соntinеtаl споделуваат дека над 60 шишиња можат да послужат за создавање на еден комплет од четири гуми.
Најголемиот дел од био материјалите за производство на гумите ќе биде од различни сурови обновливи материјали, како на пример глуварчиња од кои може дa биде извлечена гума или пак од различни смоли и масла.
Покрај тоа, гумите се еколошки и тие исто така се и доста лесни. Просечната тежина од 7,5 килограми е околу 40% помалку од онаа на традиционалните гуми кои се користат во моментов кај автомобилите.
Ова се постигнува со оптимизирање на држачот, ѕидовите на гумата и целокупниот дизајн.