Nissan официјално потврди дека премиерата на моделот Z Proto ќе се спроведе на 16 септември. Овој модел кој доаѓа како наследник на 370Z и во пресрет на 50 годишниот јубилеј.
“50 години страст, иновација во сржта. Модерна технологија со допир на традицијата” стои во соопштението на јапоснкиот прозиводител.
Новиот Nissan Z кој најверојатно ќе дојде од називот 400Z ќе се одликува со ретро елементи во дизајнот кои најголем дел ќе бидат инспирирани од 240Z, во поглед на предниот дизајн, и 300ZX во поглед на задниот дизајн.
Засега не е познато каква мотористика ќе има оваа, нова генерација, а веќе повеќе медиуми пренесоа дека цената на основниот модел ќе чини околу 40 илјади евра.