Со парада на 150 возила одбележана 50 годишнината на легендарни Ferrari Dino (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Во низата на многубројни легендарни модели кои италијанскиот производител ги направи во изминатите 70-80 години, еден од највпечатливите и највозбудливите е Ferrari Dino.

Токму овој месец овој легендарен модел одбележува 50 години од производството на првиот модел кој ја носел назнаката 206 GT пред подоцна да се надгради со изведбата 246.

Во таа чест во италијанскиот град Маранело каде што се наоѓа и седиштетот на Ferrari се организираше собир на кои учествуваа над 150 модели Dino од целиот свет.

Познавачите на авто индустријата, а особено вљубениците на Ferrari потестуваат дека првиот концепт на Dino се појавил во 1965 година во Париз, додека година подоцна во Торино премиерно беше претставена и производната серија додека во 1967 година во Франкфурт беше лансиран првиот модел на Dino кој во сериско производство и слободна продажба се појавува во 1968 година.

На настанот покрај сопственици на овој легендарен модел присуствуваа и бројни вљубеници во италијанскиот спортски бренд, а меѓу нив се појави и шпекулацијата за поновотото враќање на ова име во понудата на Ferrari.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK