Ford официјално објави дека ќе инвестира речиси една милијарда американски долари во зголемување на производствениот капацитет во Јужна Африка, што претставува и најголема инвестиција на Ford во Африка.
Од вкупната сума, 683 милиони долари ќе бидат инвестирани во модернизацијата на технологијата, а дополнителни 365 милиони долари ќе бидат инвестирани во фабриките на најголемите добавувачи на Ford лоцирани во Јужна Африка.
Директорот за операции на Ford, Андреа Каваљаро, објасни дека со оваа инвестиција, годишниот капацитет ќе биде зголемен од 168.000 на 200.000 возила. “Ова е најголемата инвестиција на Ford во 97 годишната историја во Јужна Африка” изјави Каваљаро.
Со новата инвестиција се очекува Ford да го зголеми својот удел во вкупниот бруто домашен производ на Јужна Африка и тоа на 1,1%. Инаку во оваа Фабрика која е лоцирана во Силвертон, во моментов се произведуваат моделите Ranger на Ford и BT-50 на Mazda.