Hyundai ја подготвува третатa генерација од малиот градски автомобил i10. Оваа вест доаѓа откако прототип на овој автомобил беше фатен во момент како се тестира.
Овој автомобил е особено важен за Hyundai на европскиот пазар особено во Италија, Франција и Шпанија каде малите градски автомобили се многу популарни и сочинуваат најголем дел од годишната продажба на нови автомобили.
Третата генерација на i10 во продажба доаѓа оваа година, а за очекување е не толку драстичен екстериер. Нови LED светла, ентериер, инфотејнмeнт, бампери и за малку поголема просторност е она што се очекува кај новата генерација. Секако, тука се и новите бои како и мотори со кои ќе се зголеми понудата нао овој мал автомобил.
https://youtu.be/6RXjV0JLTcI
Како дел од понудата на јужнокорејскиот производител, овој мал градски автомобил се појавува во 2007 година. Оваа прва генерација на пазарот беше актуелна се до 2013 година кога е лансирана втората, актуелна и во моментов генерација.