Следното Аudi RS4 ќе биде на струја

ОБЈАВЕНО НА:

Папараци веќе неколку пати забележаа тест автомобили на Аudi, покриени со тешко маскирање, а според различни извори, под него се крие идната генерација на А4. Шестата генерација на еден од најпопуларните модели на Германците би требало да биде покажан во текот на следната година, но гласините за него веќе се распространуваат.

Аudi А4 B10 исто така ќе помине низ електрификација бидејќи тоа најверојатно ќе се однесува за целата понуда, дел ќе смета на plug-in хибридите. Се очекува и претставувањето на A4 е-trоn, кој ќе биде изграден на целосно различна платформа и ќе биде слично на покажаното порано, A6 е-trоn.

Според изори кои ги знаат одлуките на Аudi, компанијата има план да ја електрифицира и понудата на најмоќниот модел, а станува збор за RS4. Тој ќе го зачува 2.9-литарскиот V6, но ќе се здобие и со електромотор, за да се додадат повеќе коњски сили и њутн метри.

Слично на стандардниот модел, и тука ќе се види целосно електричното RS4, кој ќе се потпира единствено на електричните мотори слично нa е-trоn GT RS. Сè уште нема информација за тоа каква можност ќе се нуди, но веројатно и тоа ќе стане познато во блиска иднина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK