Скок на годината: BMW се изврте за 360 степени и влета во тунел (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На влезот на тунелот „Борик“ во градот Попрад во Словачка беше снимен еден од најголемите скокови во годината направен со BMW.

Возачот кој има 44 години имаше голема среќа бидејќи сантиметри го делеа од губење на животот.

Како што може да се види и на видео снимката подолу, возачот ја губи контролата за момент и доаѓа до оградата која само го поткрева автомобилот.

При ова движење возилото полетува, но се удира во горниот дел од тунелот при што се врти за 360 степени и се приземјува на тркала.

Возилото е целосно уништено, а возачот бил пуштен од болница без никакви повреди.

https://www.facebook.com/policiaslovakia/videos/2228375497408730/

Алко-тестот бил негативен, а нема никакви оштетувања ниту на тунелот. Единствено автомобилот е уништен после скокот и страшното вртење што останува запишано како скок на годината.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK